Италија
Ангеловски: Елмас се радува што Гатузо ја промени тактиката во Наполи
Елиф Елмас го постигна првиот гол во новата натпреварувачка сезона, и тоа во натпреварот во кој Наполи буквално ја растури Џенова на домашен терен.
„Наполитанците“ славеа со неверојатни 6:0 и Елмас се приклучи во фантастичното гол шоу на небесно сините, откако доби шанса за рано влегување во игра, иако средбата ја започна од клупата за резерви.
Македонскиот репрезентативец го замени повредениот Инсиње во 22-та минута, а потоа во вториот дел го постигна петтиот гол на мечот кој Горан Пандев и неговите соиграчи нема да го паметат по добро. Пресметката меѓу двајцата наши репрезентативци комплетни му припадна на Елмас, а сега се огласи и македонскиот селектор Игор Ангеловски кој даде изјава за наполитанското радио „Кис Кис“.
– Зборував со Елиф по натпреварот против Џенова и му честитав за одиграното. Кога ќе победите 6:0, заслугата оди за цел тим, но тоа што го видов на „Сан Паоли“ беше навистина добро. Наполи е се подобар и подобар, а исто и Елиф.
– Елмас е многу среќен што Гатузо ја промени тактиката и почна да игра со 4-2-3-1, со овој систем, Елмас може да покрие повеќе позиции во средниот ред. Се надевам дека може да постигне многу погодоци со овој нов систем на Гатузо, тоа ќе биде добро за него, но и за Наполи. Најважно е што Гатузо верува во неговите квалитети, факт е дека може да се подобри при реализацијата со текот на времето, – изјави Ангеловски.
-
Репрезентација17 часа
Лазаров: Ова не личеше на меч од СП, не сакам да се правдам, но кога…
-
Светски првенства4 часа
Дански коментатор: Ако ова се повтори, ИХФ треба да ги затвори вратите за македонските фанови
-
Светски првенства15 часа
Рекс: Ова никогаш не сум го доживеал, македонските фанови…
-
Светски првенства16 часа
Кварацхелија позираше со дресот на ПСЖ: Сон е да се биде овде…(ФОТО)
-
Репрезентација20 часа
Ристовски и Ангеловски ја бодрат македонската репрезентација во Вараждин
-
Светски првенства18 часа
Митревски: Скандинавците се лесни на свирче, тежок судиски критериум за нас
-
Светски првенства6 часа
Митев: Македонија загуби од Холандија со помош од Данска
-
Репрезентација18 часа
Лазаревски: Најлесно е да се впери прст, прво треба да гледаме во својот двор