Поврзете се со нас

Балкан

Ангеловски е во игра да биде нов тренер на најдобриот бугарски клуб

Објавено

на

Игор Ангеловски се уште нема пронајдено нов ангажман откако ја заврши приказната со македонската репрезентација со која испиша историја и за првпат ја одведе на едно големо натпреварување и тоа на Европското првенство кое се одигра минатово лето.

Популарниот Мрме постојано се споменува како тренер на дел од клубовите на овие простори, пред извесно време беше поврзуван со хрватски Хајдук кој на крајот се реши да друго решение за да сега бугарските медиуми пренесуваат дека тој е кандидат за предводник на Лудогорец.

Лудогорец веќе со години е најдобар клуб во Бугарија, клуб кој е стабилен, тим кој редовно игра и во европските купови. Во моментов бугарскиот тим го води Станислав Генчев кој дојде на местото на Валдас Дамбраускас, но екипата игра сосема различно во домашниот шампионат и во Лигата на Европа и поради тоа постои одредено незадоволство кај управата.

Останува да се види дали Ангеловски ќе добие шанса, повик да застане на чело на Лудогорец со тоа што медиумите кај нашиот источен сосед пренесуваат дека Македонецот е интересен и за Легија од Варшава.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни