Поврзете се со нас

Балкан

Ангелов влезе и му донесе дерби победа на Широки Бријег

Објавено

на

Македонскиот напаѓач, Виктор Ангелов игра во одлична форма во првенството на Босна и Херцеговина, а уште еден доказ за тоа е денешниот меч против Зрињски на кој влезе од клупата и донесе победа за неговиот Широки Бријег од 2-1.

Виктор доби шанса во 78 за да 11 минути подоцна се најде на вистинското место и ја затресе мрежата на гостите за драматична победа на неговата екипа. Ова за поранешниот младински репрезентативец е четври гол во последните пет средби во првенството на БиХ, претходно погоди против Радник и Слобода (2).

Широки Бријег со 34 бода е на третото место на табелата зад Железничар и Сараево.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни