Поврзете се со нас

Балкан

Ангелов имаше брутален старт врз Аргентинец, противникот тргна физички да се пресметува со него (ВИДЕО)

Објавено

на

blank

Македонскиот интернационалец, Виктор Ангелов мораше предвреме да го заврши мечот на неговиот Волунтари против Поли Јаши во првата лига на Романија.

Поранешниот младински репрезентативец заработи директен црвен во 63 минута откако имаше брутален старт врз Хуан Пабло Пасаља, поточно отиде високо со копачките на коленото на противникот. Аргентинецот на ова бурно реагираше, тргна физички да се пресмета со Ангелов за да потоа падне на теренот.

За ова Виктор беше исклучен, но во исто време во соблекувалната беше испратен и домашниот фудбалер.

Инаку Волунтари славеше со 2-0 на средбата, а Ангелов беше асистент на првиот гол на Иванов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни