Поврзете се со нас

Репрезентација

Ангелов им порача на Романците: Ќе ве победиме со 1-0

Објавено

на

Вечерва се игра дуелот меѓу Македонија и Романија во квалификациите за Светското првенство, а пред истиот во центарот на вниманието во романските медиуми беше нашиот интернационалец Виктор Ангелов.

Поранешниот младински репрезентативец кој беше дел од славната наша генерација која настапи на ЕП во Полска (2017 година) сега го носи дресот на Волунтари и многу добро го познава романскиот фудбал.

Ангелов е оптимист и верува дека ние ќе славиме денеска со 1-0 и тоа со погодокот на Енис Барди.

-Имаме силен тим, добра група на играчи, тука се Барди, Елмас, Велковски е во одбраната. Ќе ве победиме со 1-0 со голот на Барди, -порача Виктор.

-Македонија сега е без Пандев кој беше нашиот лидер, најдобриот фудбалер во последната деценија и тоа е најголема разлика од првата средба во Букурешт заедно со новиот селектор. Јас добро го знам селекторот Милевски, соработував со него во младата репрезентација, се работи за еден од најдобрите тренери во Македонија,  прекрасен човек. Сака да игра офанзивно, со многу додавања, пресинг и не се плаши од никого. многу научив од него и знам дека Македонија со него многу ќе напредува, -дополни некогашниот член на Работнички, Тетекс, Металург, Ујпешт, Шкупи и Широки Бријег.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни