Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Анелка со критики за тактиката на Покетино: Не се освојува ЛШ со ваква игра

Објавено

на

Николас Анелка го коментирал поразот на ПСЖ од Манчестер Сити, резултат кој донесе многу критики на сметка на тренерот Маурисио Покетино, но и најголемите ѕвезди на францускиот клуб.

Поранешниот репрезентативец Николас Анелка во својата анализа, најголем дел од вината за поразот ја префрлил на Покетино.

– Со Меси во тимот, ПСЖ не може и не смее да биде тим кој игра само на контри.

– Не можете да ја базирате цела игра на Мбапе, мора да се искористи присуството на Меси во тимот. Ако сакаш да ја освоиш Лигата на шампионите, не можеш да се браниш со седум фудбалери.

– Тактиката на парискиот клуб не е добра од почетокот на сезоната, а тоа влијае и шесткратен освојувач на „Златната топка“ да изгледа како просечен фудбалер, – изјавил Анелка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни