Поврзете се со нас

Свет

Анелка: Мбапе има придобивки од тоа што јас го направив пред 20 години!

Објавено

на

Николас Анелка не се сомнева дека Килијан Мбапе е талент со стратосферски потенцијал кој допрва треба да го достигне врвот во фудбалот, но легендарниот француски напаѓач смета дека на неговиот сонародник му е многу полесно, и тоа поради примерот што тој го остави во светскиот фудбал.

Анелка како 17-годишен тинејџер направи голем трансфер од ПСЖ во Арсенал и тогаш таквиот чекор беше навистина незапаметен за францускиот фудбал, а во моменти кога се навршуваат 23 години од фамозната преселба на незаборавниот напаѓач кој смени десетина клубови во кариерата, токму тој одлучи да даде коментар за најголемиот талент од неговата земја.

Иако има само 21 година, Мбапе веќе стана светски шампион со Франција и освои голем број трофеи со Монако и ПСЖ, но Анелка сега нагласува дека на Килијан му е доста полесно, бидејќи неговиот пример може да му донесе многу придобивки во актуелниот модерен свет.

– Мбапе е силен технички и ментално. Но, јас бев оној првиот кој ги помести границите и кои пресконуваше препреки. Јас бев прв кој замина во странство на толку мала возраст.

– Јас бев и првиот кој работев со моето семејство, им дадов работа на моите браќа. Денеска тоа е речиси секојдневие во фудбалот. Јас бев пионер на сето ова, а првиот пионер добива и тешки удари од кои треба да стане. Јас го отворив тој пат, на Мбапе сега му е полесно. Иако е бескрајно силен, тој има бенефит и придобивки од мојот пример од пред 20 години, – потенцира Анелка за „Ле Паризен“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни