Поврзете се со нас

Франција

Анелка ја посочи огромната грешка на ПСЖ: Нема да најдат играч како него

Објавено

на

Николас Анелка промени преку 10 клубови во својата богата играчка кариера и важеше за еден од елитните играчи кои доста често ја менуваа средината, но покрај тоа што играше за Арсенал, Реал Мадрид, Челси и Ливерпул, не треба да се заборави дека тој всушност започна во ПСЖ.

Анелка всушност играше за ПСЖ во два наврати бидејќи по неуспешната етапа во Реал се врати во Париз, а сега како екс голгетер кој цели 5 години е во пензија, ја осуди одлуката која ја донесе клубот од француската престолнина.

Французинот смета дека управта на ПСЖ прави голема грешка со Единсон Кавани, бидејќи според него, во елитниот фудбал не може да се најде расен стрелец како Уругваецот.

– Ако Кавани навистина си отиде тукутака, ПСЖ прави огромна грешка. Секој може да го критикува, но тоа е напаѓач кој е чиста „9-ка“ и нема ниту еден друг како него.

– Вистина е дека понекогаш грешки, но секогаш се наоѓа во многу шанси за гол и дава погодоци. Ако имате доволно пари да го задржите, треба да се направи тоа. Тоа е супер напаѓач, – вели Анелка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни