Поврзете се со нас

Шпанија

Анелка го предупредува Мбапе: Нека заборави на една работа во Мадрид

Објавено

на

foto:www.facebook.com/PSG

Николас Анелка како голема фудбалска ѕвезда се пресели во Реал Мадрид во 1999-та година, но само после една натпреварувачка сезона, стана јасно дека неговиот ангажман е целосно фијаско за двете страни.

Легендарниот француски напаѓач не се снајде и не успеа да го издржи огромниот притисок во Реал, па после 19 натпревари одиграни за „кралскиот клуб“, се врати во ПСЖ.

За разлика од него, Килијан Мбапе прави трансфер од ПСЖ во Реал Мадрид, па француските медиуми се обидоа да извлечат изјава од Анелка кој имал навистина долго обраќање за новата голема ѕвезда која му се приклучи на проектот на Флорентино Перез.

– Ниту еден играч не е поголем од клубот, но Мбапе не отиде во Реал за тоа. Реал Мадрид не е воопшто ист со ПСЖ. Килијан во Париз пристигна како младо момче и во клуб кој нема толку голема историја како Реал. Реал Мадрид има многу поголема историја и станува збор за многу поголем клуб.

– Што би го советувал? Ништо. Како што знам, тој веќе зборува шанси и најтешкиот дел го има совладао. Кога отидов во Арсенал, а потоа во Реал, морав да учам англиски, па шпански. Тоа секогаш ја отежнува адаптацијата, а Мбапе нема да треба да чека. Тој е веќе подготвен, го чека ова со години и има се што треба за да оствари успех. Не му се потребни моите совети.

– Сепак, можам да му кажам нешто за животот во Мадрид. Ако мисли дека ќе може да живее мирно во Мадрид и да шета слободно по улиците, нека заборави на тоа. Мислам дека веќе не можеше да се движи и низ Париз, а во Мадрид е уште полошо. Луѓето сакаат да те допрат, да зборуваат со тебе, да направат селфи….. Го чекаат долго време и нема да можат да одолеат кога ќе го видат. Најдобро ќе му биде да си седи дома, за него ќе биде невозможно да живее како мадридиста плус.

– Од спортска гледна точка, Килијан е создаден за Реал Мадрид. Пред 20 години фудбалот беше поинаков и тогаш немаше да биде добар за Реал. Но, со овие играчи кои ги има Реал, Килијан ќе биде перфектен во системот на Анчелоти. Играта на Реал се базира на брзина и има многу млади играчи. Кога на сето тоа се надополнува интелигенцијата на Анчелоти, добиваме перфектен коктел. Немам никаков страв, Килијан ќе оди многу  далеку во Реал, со неговото ниво би правел разлика во секоја лига. Да бидам искрен, мислам дека без проблеми би триумфирал и во Англија, – потенцира Анелка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни