Поврзете се со нас

Шпанија

Андрес со возбудлива изјава го најави „новиот Иниеста“: Има работи кои ми се допаѓаат

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Носталгичните новинари често знаат да прават притисок врз млади фудбалери и да ги споредуваат со познати имиња кои во минатото правеа големи работи, а Андрес Иниеста е еден од оние кои доби безброј фудбалски „наследници“.

Шпанските медиуми „лепеа“ вакви епитети на неколку млади таленти и досега никој не ги оправда очекувањата, вклучувајќи го и Педри кој бележи пад во формата поради честите повреди кои го оневозможуваат да се натпреварува онака какошто замислува.

Иниеста во ниту еден момент не правеше притисок врз Педри и одбиваше да се прават споредби меѓу него и актуелниот играч на Барселона, но сега за „Мундо Депортиво“ излезе со изјава која предизвика одредена возбуда кај фановите на Барса.

Дон Андрес вели дека новиот „Иниеста“ можеби се крие во неговиот дом, односно потенцира дека неговиот син Паоло на 9-годишна возраст покажува квалитети кои можат да го однесат до професионалниот фудбал.

– Новиот Иниеста? Мојот син кој има 9 години. Паоло е опседнат со фудбал и на секој начин гледа да се подобри и да научи. За свои години, веќе има работи кои многу ми се допаѓаат и кои одат кон тоа дека ќе стане фудбалер, – вели Иниеста.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни