Андреј Јакимовски: Ова е неиздржливо, но трпение-спасение

andrej jakimovski

Македонскиот репрезентативец, Андреј Јакимовски заглави во Италија и ќе мора да остане во Торино се до некои подобри времиња кога ќе биде надминат проблемот со коронавирусот.

Тој е во карантин во апартман кој го доби од клубот и во кој го прослави својот 19.роденден.

-Глетката не е убава, особено не кога прославуваш роденден. Но што е тука е. Околностите се такви какви што се, мора да се издржи и една ваква криза. Искрено, како одминуваат деновиве, станува се потешко и потешко. Среќа е што ‘долу’ имаме маркет од каде можеме да се снабдуваме со оние основи продукти за нормално живеење, ако ова може да се нарече нормално,-вели Јакимовски кој не знае што носи иднината.

-Апсолутно никој не знае што носи следниот ден, а да не говориме за идните чекори на кошаркарски план. Еве веќе две недели и повеќе, не сум допрел топка, а ситуацијата е крајно непозната. Никој не знае ништо, особено за оној спортски дел, кога дали, што… Ние го завршивме регуларниот дел, останува да го доиграме плеј-офот, ако воопшто се игра. Прочитав некаде дека има 40.000 и повеќе, заразени луѓе во Италија, но има подготвеност првенствата да продолжат. Кога, не се знае… Катастрофа… Не знам како планираат да се продолжи со играњето. Но ова веќе не се издржува. Но, што е, тука е… Старите добро рекле, трпение-спасение. Само ова да не потрае предолго, не е добро за никој, -истакнува Андреј за сајтот на КФСМ.

Facebook Коментари