Андре Гомеш за првпат се огласи во јавноста по хорор повредата на „Гудисон парк“ (Видео)

andre-lezi

Андре Гомеш во неделата заработи хорор повреда на мечот меѓу Евертон и Тотенхем кој се одигра на „Гудисон парк“, откако неговиот зглоб заглави во тревникот по еден несреќен старт кој го направи Хјонг Мин Сон.

Ужасните сцени во Ливерпул не оставија никого рамнодушен, но дефинитивно, најтешко му беше на поранешниот португалски репрезентативец и член на Барселона кој заработи сериозна фрактура на ногата. Над Гомеш во понеделникот беше направена успешна операција, а два дена по истата, играчот за врска одлучи да се обрати преку социјалните мрежи и да им се заблагодари на сите колеги и соиграчи кои му испратија позитивни пораки за брзо закрепнување.

– Здраво на сите. Како што веќе знаете, се мина во најдобар ред и веќе сум дома со моето семејство. Сакам да ви се заблагодарам на сите за пораките и за позитивната енергија која ми ја давате. Ви Благодарам, – порача Андре.

Facebook Коментари