Поврзете се со нас

Репрезентација

Андов го објави списокот на фудбалерки за натпреварите со Молдавија

Објавено

на

foto: ffm.mk

Македонската женска А репрезентација кон крајот на мај и почеток на јуни ќе ги продолжи квалификациите (лига фаза) за пласман на Европско првенство кое 2025 година ќе се одржи во Швајцарија.

Нашите фудбалерки ги очекува двомеч со селекцијата на Молдавија на домашен и гостински терен во рамките на групата 2 од лигата Ц.

Првиот меч од квалификациите против Молдавија го играме на 31 мај, петок, на тренинг центарот „Петар Милошевски”, Скопје со почеток во 17. часот.

Вториот дуел помеѓу овие две селекции е закажан на 4 јуни, на стадионот Зумру во Кишињев, со почеток во 19. часот.

Селекторот на женската А репрезентација на Македонија, Александар Андов за претстојните мечеви со Молдавија, се одлучи да ги повика следните фудбалерки:

ГОЛМАНИ:

Берна Кабакчи   Карсон У, САД

Викторија Панчурова   Тиверија

Кристина Павловска   Шкендија

ОДБРАНА:

Ана Милчевска   Ланчк Ахути, Грузија

Елена Паневска   Каменица Саса

Павлинка Николовска   Љуботен

Христина Јошевска   Љуботен

Ихмете Лимани   Веинберг, Германија

Ане Бошевска   Тиверија

Кристина Мојсовска   Ас Јунајтед

СРЕДЕН РЕД:

Радица Велкова   Каменица Саса

Наташа Андонова   Леванте, Шпанија

Ленче Андреевска   Хорозкентспор, Турција

Маријана Нацева   Борусија Дортмунд, Германија

Симона Мајер   Маккаби, Израел

Александра Марковска   Љуботен

Хава Мустафа   Шкендија

Едина Мехмеди   Цирих

НАПАД:

Лора Сулејмани   ГПСО 92, Франција

Јилза Максути   Ас Јунајтед

Афродита Салихи   Шкендија

Веса Села   Ас Јунајтед

Поради повреда заработена на вчерашниот натпревар со својот клуб, Гентијана Рочи нема да биде во можност да се стави на располагање на селекторот Александар Андов за натпреварите со Молдавија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни