Поврзете се со нас

Олимписки игри

Андоновски не се откажува од медал со САД: Бронзата има посебно значење

Објавено

на

Македонскиот стручњак Влатко Андоновски не успеа да ја одведе американската женска фудбалска репрезентација во финалето на Олимписките игри, но најави жестока битка за бронзените медали.

Американките загубија со 1:0 во полуфиналето со Канада, па сега им останува утешната награда, која според Андоновски е многу важна.

– Целевме на злато и секогаш ќе имаме такви амбиции, но ако не успеавме да се пласираме во финалето, тоа не значи дека турнирот е завршен.

– Повторно одиме на победа, меѓу другото и бронзата е олимписки медал. Немаме што да загубиме, но можеме многу да добиеме, – изјавил денеска Андоновски.

Противник на Американките во битката за бронзените медали ќе биде селекцијата на Австралија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни