Поврзете се со нас

Македонија

Андоновски и Пецаковски ја продолжија соработката со Пролет

Објавено

на

Екипата на Тинекс Пролет и во наредната сезона ќе може да смета на услугите на Ласко Андоновски и Дејан Пецаковски.

Македонскиот прволигаш соопшти дека капитенот Андоновски потпишал нов двегодишен договор, додека пак Пецаковски едногодишен со можност истиот да биде продолжен за уште една кампања.

Андоновски како и Пецаковски одиграа важна улога во освојувањето на третото место во минатата сезона, позиција со која Пролет обезбеди настап во ракометна Европа.

Од клубот информораа дека засега официјално се заминати голманот Петар Ангелов и десниот бек Никола Потиќ, па целото внимание е насочено кон наоѓање на адекватни замени за нив.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни