Поврзете се со нас

Свет

Андоновски го одведе Канзас Сити до прв пехар сезонава: Мал трофеј со големо значење

Објавено

на

Фото: https://www.facebook.com/kccurrent

Американскиот прволигаш Канзас Сити го освои Летниот куп во кој учествуваа американски и мексикански клубови, со што македонскиот стручњак Влатко Андоновски успеа да обезбеди уште еден трофеј во својата тренерска кариера.

Андоновски во редовите на Карент соработува и со поранешниот македонски голман Љупчо Кметовски, а двајцата утринава се израдуваа на победата од 2:0 во финалето против Готам ФЦ.

Канзас Сити два пати реализираше преку расположената Тамви Чавинга и го неутрализираше ривалот за обезбедување на трофејот во натпреварувањето кое се одржа првпат.

– Овој трофеј има посебно значење, пред се за градење на победнички менталитет. Не можете да освоите големи трофеи, ако не ги освојувате малите, победите мора да ни станат навика, – изјавил Андоновски по финалето во Сан Антонио.

Летниот куп беше реализиран најмногу поради наметната пауза поради Олимписките игри, а во него учествуваа сите членови на американската најквалитетна лига и плус шест тимови од Мексико.

Канзас Сити и Готам беа првопласирани во своите групи, по што триумфираа и во полуфиналната фаза, во која стигнаа само американски претставници.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни