Свет
Андоновски добива нова мисија, се враќа на местото каде ги оствари најголемите успеси

Влатко Андоновски е подготвен за нов предизвик во својата тренерска кариера, па кратко откако се повлече од селекторската функција во американската женска репрезентација, ќе се врати во градот каде ги имаше најголемите успеси.
Медиумите најавуваат дека македонскиот стручњак ќе биде нов тренер и спортски директор на женскиот професионален тим Канзас Сити Карент, кој најавува многу поголеми амбиции со ангажирањето на Андоновски.
Андоновски освои две титули во американската лига со клубот кој тогаш беше познат како Канзас Сити, кој подоцна беше дислоциран во Јута на тригодишен период, за сега повторно да се врати во Канзас, но со друго име.
Канзас Сити од април работеше под водство на в.д тренер и не успеа да обезбеди место во плејофот на НВСЛ, па задача на Македонецот со американски пасош ќе биде да го врати тимот меѓу најдобрите во лигата.
Андоновски беше американски селектор од 2019 до 2023 година, а се повлече од функцијата откако Американките имаа разочарувачка елиминација на пенали во осминафиналето на СП кое се играше во Австралија и Нов Зеланд.
Сега ќе се врати на местото каде ги оствари најголемите успеси, а клубот чиј косопственик е и сопругата на НФЛ ѕвездата Патрик Махоумс инвестирал сериозни суми во нов тренинг центар, стадион кој е во изградба, а тоа се чини ќе го направи и во однос на ростерот.
-
Италијапред 23 часа
Тасоти посочи што треба да биде приоритет за Милан во зимскиот преоден рок: Тоа е од суштинско значeње
-
Англијапред 21 час
Храбриот Лутон падна во 97. минута, Рајс е херојот на Арсенал (ВИДЕО)
-
Светпред 9 часа
„Бомба“ од Шкотска: Селтик ќе урива трансфер рекорд за да го доведе Миовски!
-
Балканпред 24 часа
Канаваро пред тренерски ангажман во Турција
-
Светпред 22 часа
Белингем: Сонувам, секој ден се плашам дека некој ќе ме разбуди
-
Англијапред 13 часа
Непроценливо видео: Раја прими смешен гол, Рамздејл му фаќаше сеир од клупата за резерви
-
Европски куповипред 23 часа
Лазаров: Ова е историска победа, ќе продолжиме да работиме за доброто на македонскиот ракомет
-
АТПпред 14 часа
Љубичиќ: Синер не е како Алкарас…