Андонова во голгетерски ритам, Барселона во победничка серија (Видео)

andonova-barca

Наташа Андонова влезе во одличен голгетерски ритам во дресот на Барселона и на трет натпревар во низа погоди за шпанскиот гигант.

По Хуелва и Гинтра на листата на нашата најдобра фудбалерка се најде и составот на Мадрид. Барселона победи со убедливи 7-0 на оваа средба од шампионатот, а Андонова беше стрелец на третиот погодок во 34 минута.

Барса е на врвот во Шпанија заедно со Атлетико Мадрид со по 25 бодови.

Facebook Коментари