Поврзете се со нас

Шпанија

Андонова стрелаше за победа на Леванте, но на носилки мораше да го напушти теренот (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/LUDfemenino

Најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андонова постигна уште еден гол за Леванте, втор во оваа недела со оглед на тоа што пред неколку дена стрелаше и во Купот на Шпанија.

Андонова стрелаше, но Леванте доживеа елиминација во Купот на Шпанија (ВИДЕО)

На денешниот првенствен меч против Тенерифе, Македонката беше автор на единствениот гол на средбата, гол вреден три бода за домаќинот и тоа во 43 минута.

Таа најдобро се снајде во шестнаесетникот и ја смести топката во мрежата на гостите. Фудбалерката од Неготино беше активна до самиот финиш кога заработи силен удар во главата при обидот да изблокира една топка. Веднаш и беше укажана помош, а со помош на носилки беше изнесена од теренот.

Наташа има учинок од 2 гола и 3 асистеции за Леванте во домашниот шампионат каде клубот од Валенсија се наоѓа на зад неприкосновената Барселона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни