Андонова стрелаше во „петардата“, Барселона остана без титула (Видео)

andonova-barca

Најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андонова со погодок против Леванте ги заокружи своите настапи во дресот на Барселона во шпанската Примера.

Андонова го потврди триумфот на клубот од Каталонија во 85 минута, односно го постави конечниот резултат од 5-0. Воедно таа беше заслужна и за четвртиот гол на тимот со оглед на тоа што истиот дојде по нејзиниот удар во пречката по што топката дојде до Алвес која со глава ја смести во мрежата.

Со овој триумф Барса дојде до 76 бод во кампањата, но тоа е доволно за само второ место или поточно титулата заврши кај Атлетико Мадрид (77 поени).

Што се однесува до учинокот на Андонова таа шампионатот го завршува со 5 погодоци постигнати на 18 натпревари.

Facebook Коментари