Поврзете се со нас

Шпанија

Андонова стрелаше против Атлетик Билбао (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/LUDfemenino

Најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андонова беше автор на единствениот гол за Леванте во пресметката против Атлетик Билбао во првата лига на Шпанија.

Андонова беше стартер за домашната екипа која во 44 минута ја доведе во водство откако се најде на вистинското место. Меѓутоа во вториот дел работите се променија, гостите од Баскија направија пресврт и на крајот славеа со 2-1.

Ова за Леванте е само втор сезонски пораз, а интересно е што првиот беше од Атлетик Билбао.

Кога е во прашање Андонова ова за неа беше трет лигашки гол, зад своето име има исто толку асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни