Андонова си замина од Барселона но остана во Шпанија

andonova-1

Нашата најдобра фудбалерка, Наташа Андонова неодамна објави дека си заминува од редовите на Барселона.

25 годишната Андонова го променува клубот, но не и земјата во која ќе настапува затоа што од денес таа и официјално е член на женскиот фудбалски тим на Леванте.

Андонова со тимот на Леванте кој минатата сезона заврши на третата позиција во лигата потпиша едногодишен договор.

Во дресот на Барселона, нашата Андонова на 58 средби во овие две сезони колку што се наоѓаше во Каталонија постигна вкупно осум погодоци. Претходно во кариерата ги носеше дресовите на Росенгард и Турбине Постдам, а во Македонија настапуваше за ЖФК Тиквеш и ЖФК Борец.

Facebook Коментари