Андонова потврди дека ремек делото не е случајност демонстрирајќи нова супер техника од корнер (Видео)

barca-andonova

Најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андонова на крајот на месец февруари ја одушеви фудбалската јавност во Шпанија со своето ремек-дело од корнер, а дека техниката од аголот е едно од нејзините главни оружја во играта ни потврди и денеска во дуелот од Лигата на шампионите.

Барселона одигра навистина тежок натпревар со Лион на гостувањето во Франција и загуби со 2:1, а најзаслужна за голот на гостите од Каталонија беше токму нашата Андонова која изведе нова мајсторија од корнер. Обидот на Наташа едвај беше сопрен од противничката голманка која ја удри топката во гредата, но одбиената топка падна во нозете на Гуихаро која во тој момент израмни на 1:1.

Facebook Коментари