Поврзете се со нас

Шпанија

Андонова постигна гол, Леванте се пласираше во финалето на шпанскиот Супер куп (Видео)

Објавено

на

Македонската фудбалерка Наташа Андонова постигна еден гол, а нејзиниот тим Леванте избори пласман во финалето на шпанскиот Супер куп.

Составот од Валенсија вечерва го совлада тимот на Логроњо со 3:1 и со триумфот на стадионот во Алмерија, сега ќе го чека финалето, во кое противник ќе биде подобриот од дербито меѓу Атлетико Мадрид и Барселона.

Интересно е што Логроњо дојде до предност во 28. минута, но Леванте до крајот на првиот дел израмни, а во вториот дел го комплетираше пресвртот.

Андонова влезе во игра во 64. минута и девет минути подоцна успеа да реализира, поставувајќи ги конечните 3:1.

Второто полуфинале меѓу Атлетико и Барселона се игра утре, исто така во Алмерија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни