Поврзете се со нас

Репрезентација

Андонова: Не очекуваат два тешки натпревари, шансата ќе ја бараме против Австрија

Објавено

на

Македонската женска репрезентација ја очекуваат два натпревари од квалификациите за Светското првенство кое на програмата во 2023 година.

Тоа се натпреварите против Англија и Австрија закажани за 17 септември во Саутемптон и 21 во Скопје, натпревари пред кои се огласи капитенот Наташа Андонова.  Фудбалерката на Леванте смета дека не очекуваат два тешки предизвици во кои подобра шанса за бодови ќе имаме против Австријките на Националната арена „Тодор Проески”.

-Не очекуваат два натпревари против силни репрезенетации. Селекцијата на Англија е апсолутен фаворит во групата, ќе биде многу тешко да се игра против нив. Австрија не е на рамниште со квалитетот како Англија и сметам дека шансата за освојување на бодови треба да ја бараме на тој меч.

– Секогаш се обидувам да гледам реално на работите, така и овој пат. Мислам дека не треба да очекуваме некакво чудо во овие квалификации, треба само да продолжиме напорно да работиме и да ги слушаме советите од нашиот селектор. Објективен проблем претставува фактот што во овој состав на Македонија има фудбалерки претежно од домашното првенство кои немаат големо маѓународно искуство за разлика од другите селекции.

– Работевме напорно овие неколку дена, имаме одлична комуникација со селекторот, позитивни сме, владее одлична атмосфера и ќе пробаме сето тоа да го искористиме за што подобро да одиграме на овие два натпревари, -истакна Андонова.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни