Поврзете се со нас

Свет

Андонова двоен стрелец во „петардата“ на Ал Шабаб (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/alshababfcwomen

Ал Шабаб на македонската репрезентативка Наташа Андонова забележа убедлива победа над Ал-Амал од 5-0 во средбата од 9. коло во Саудиска Арабија.

Гостинските фудбалерки беа доминатни на ова соочување, а една од најдобрите на теренот беше токму Андонова со два постигнати голови.

Двата гола Наташа ги даде во второто полувреме, едниот беше од белата точка, другиот пак со прецизен удар и тоа откако украде топка во опасната зона на противникот.

Со вкупно 18 освоени бода Ал Шабаб е на третото место на табелата зад Ал Наср (27) и Ал Ахли (21).

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни