Андонова и Барселона во осминафиналето на Лигата на шампионите

Barsa-andonova

Наташа Андонова одигра цел натпревар во новата победа на Барселона над норвешкиот првак Авалдснес и со својот тим го потврди пласманот во осминафиналето на женската Лига на шампиони.

По победата со 4:0 на гостински терен, вечерва Барселона на „Мини Естади“ победи со 2:0 со головите на Мартенс и Лосада, додека нашата интернационалка повторно играше важна ролја во каталонскиот состав.

Нејзиниот тим сега ќе ја очекува ждрепката за осминафиналната рунда, закажана за 16. октомври, а натпреварите од оваа фаза се играат во ноември.

Facebook Коментари