Андонова и Барселона го уништија Глазгов во ЛШ (Видео)

andonova

Екипата на Барселона одигра перфектен меч и со една нога веќе е во четвртфиналето на Лигата на шампионите, откако вечерва комплетно го надигра составот на Глазгов Сити со убедливи 5-0.

Клубот од Каталонија не дозволи никави грешки како во претходната фаза, па составот предводен од Фран Санчез го испрати вечерашниот противник од Шкотска со пет „парчиња“ во неговата мрежа. Хамрауи, Бонмати, Гуилјаро, Алвес и Леон се запишаа во листата на стрелци за мирен реванш кој е закажан за 1 ноември.

Нашата Наташа Андонова на оваа средба ги одигра последните 15 минути.

Facebook Коментари