Андонова и Барселона добија лекција во ЛШ (Видео)

barsa

Македонската фудбалерка, Наташа Андонова и Барселона иако на хартија важеа за големи фаворити добија вистинска лекција и доживеаа пораз од 3-1 на гостувањето кај Казјгурт од Казахстан во првиот меч од 1/16-финалето на Лигата на шампионите.

Домаќинките по 60 минути игра поведоа со 3-0 за да потоа за гостите стрела Дуган, погодок со кој беше поставен конечниот резултат во 66 минута.

Нашата Андонова се најде во почетната постава, но го одигра само првото полувреме. Реваншот се игра на 26 септември на „Миниестади“.

Facebook Коментари