Шпанија
Анчелоти знае што треба да направи за да остане тренер на Реал

Карло Анчелоти се обидува да го продолжи својот престој во Реал Мадрид што е можно подолго, но и самиот е свесен дека работите во шпанската престолнина може многу брзо да се променат, без оглед на добрата врска која ја има со Флорентино Перез.
Ценетиот италијански стручњак е доволно искусен за да знае дека резултатите се главен фактор од кој се извлекуваат заклучоци на „Сантијаго Бернабеу“, па затоа денеска нагласи дека има само едно сигурно сценарио кое ќе му обезбеди сигурно тренерско место и наредната сезона.
Анчелоти верува дека пресудни за него ќе бидат двете најважни титули во сезоната, па доколку освои една, смета дека нема да има промена на клупата.
– Ако ја освојам Ла Лига или Лигата на шампионите, мислам дека со сигурност ќе останам тука. Сакам да останам што е можно подолго, таков е ставот и од спротивната страна.
– Може да има промени само ако се случи нешто чудно, но такви работи се случуваат во фудбалот. Клубот има голема верба во мојата работа, добива поддршка секојдневно во секој поглед и сакаме да ја завршиме сезоната на најдобар начин. Сметам дека сме добро усмерени, ќе бидеме уште подобри кога ќе ние се вратат повредените играчи, – изјави Анчелоти.
-
Лига на шампиони23 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Англија24 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони20 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони8 часа
Навивачите на Сити открија дека зајадливата порака не била наменета за Винисиус, туку за друг член на Реал (Фото)
-
Лига на шампиони10 часа
Винисиус по МВП изданието: Морам да разговарам со Флорентино
-
Италија8 часа
Пандев кратко го искоментира враќањето на Елмас во Серија А
-
Англија9 часа
Руни ја потенцираше големата јануарска трансфер грешка на Гвардиола: Навистина чуден потег
-
Лига на шампиони19 часа
Куртоа: Заслуживме да победиме, ова е духот…