Шпанија
Анчелоти: Заврши периодот за адаптација на Мбапе !
Карло Анчелоти придодаде уште една престижна титула во својата богата тренерска кариера на крајот на 2024-та година, па откако стана најуспешен тренер во историјата на Реал Мадрид, ИТалијанецот е пред еден завршен предизвик во оваа календарска година.
Реал се враќа на домашен терен после извесно време и ќе игра дерби натпревар против Севилја на „Сантијаго Бернабеу“, дуел на кој јасно е дека „кралевите“ ќе имаат голем императив да ги освојат трите бода.
Анчелоти нагласи дека единствена цел на Реал по освоениот трофеј на Интерконтиненталниот Куп е да се заврши годината со победа против Севилја, но говореше и за формата на Килијан Мбапе која доби нагорна линија на последните неколку меча.
– Заврши периодот за адаптација на Мбапе. Ја покажа својата подобра верзија на последните натпревари и мислам дека уште многу може да се подобри.
– Се опорави добро од повредата која му правеше проблеми, максимално е мотивиран и игра со голема страст за Реал. Му беше потребно време да се прилагоди, на сите им е потребно такво нешто, но тој период за него веќе заврши, – потенцира Анчелоти.
-
Италија15 часа
Консеисао директен: Можам да зборувам и два часа, но ако играчите…
-
Светски првенства13 часа
Николов и Начевски ја добија првата задача на СП
-
Англија16 часа
Кукурелја беше жртва на еден од најбезобразните потези во Премиер лигата, судијата шокираше со одлуката (Видео)
-
Италија10 часа
Поразителни бројки за „бјанконерите“: Овој Јувентус е далеку послаб од минатата сезона
-
Англија14 часа
Клоп со совет до Ливерпул за ситуацијата со Салах: Тој е најдобриот…
-
Македонија13 часа
РФМ и клубовите се збогуваат со Јовиќ: Загубивме вреден спортски работник…
-
АТП15 часа
Ѓоковиќ го мина Федерер и обезбеди место во третото коло во Мелбурн, нова фуриозна партија на Алкарас
-
Балкан12 часа
Барди „раскинал“ со Трабзонспор, може да се врати во Шпанија