Шпанија
Анчелоти застана во одбрана на Винисиус Жуниор: Тој заслужува поголема почит

Реал Мадрид го положи тешкиот тест на гостувањето кај Атлетик Билбао во Баскија (2-0) и со тоа продолжи да одржува чекор со Барселона во трката за пехарот во Примера.
Ова беше дуел кој беше решен со погодоците на Карим Бензема и Тони Крос, но воедно и дуел во кој повторно во фокусот беше Винисиус Жуниор. Тој одново имаше дуело со противничките играчи, ги лутеше домашните навивачи, заработи и жолт картон по што тренерот Карло Анчелоти се реши да го извади од игра да не се случи некоја глупост.
Токму Италијанецот застана во одбрана на бразилскиот ас кој често знае да влезе во клинч со противничките фудбалери и да создаде непотребна нервоза на теренот.
-Му реков [Винисиус] да ја игра неговата игра. Тој пред се е одличен играч, ама е многу чувствителен … сите го туркаат. Противниците го удираат, противничките навивачи, понекогаш и судиите. Доби жолт картон против Билбао, ама многу го удираа.
-Мора да запомниме дека е многу млад и е под притисок од сите. Понекогаш можеби го губи фокусот, но тој е многу млад. Го сакам. Сакаме тој да биде почитуван од сите малку повеќе, -порача Анчелоти.
-
Англијапред 19 часа
Мудрик ужасен во вториот натпревар за Челси, публиката го поздрави со свирежи
-
Англијапред 20 часа
Мејсон Гринвуд ги „раскарал“ челниците на Манчестер Јунајтед: Судбината на фудбалерот неизвесна
-
Светпред 23 часа
Роналдо беснееше по промашените зицери, па конечно погоди од пенал (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Потер пресече за трите нови играчи на списокот за ЛШ, најголем губитник е искусен напаѓач
-
Англијапред 23 часа
Гвардиола ја објасни разделбата со Кансело
-
Шпанијапред 7 часа
ФИФА не го одобри трансферот на Барселона кој се случи во последен час
-
Англијапред 20 часа
Артета откри дека долго го следел Жоржињо и посочи што тој ќе донесе во клубот
-
Англијапред 2 часа
Дајч веднаш донесе нова енергија во Евертон: Лидерот Арсенал изненаден на „Гудисон Парк“ (ВИДЕО)