Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти застана во одбрана на Винисиус Жуниор: Го шутираат, навредуваат…

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти уште еднаш застана во одбрана на Винисиус Жуниор кој често се наоѓа во фокусот на вниманието не само поради своите изданија туку и своето однесување на теренот, потези со кои ги иритира противниците и навивачите.

Бразилецот ја покажа својата проблематична страна на средбата со РБ Лајпциг каде можеше лесно да заработи црвен картон во ситуација во која ќе му нанесеше штета на својот тим за што заработи сериозни критики од легендата на „кралевите“, Предраг Мијатовиќ.

Мијатовиќ: Овој потег на Винисиус е резултат на фрустрација, не го разбирам…

Мијатовиќ директен: Винисиус Жуниор никогаш нема да стане легендарен играч ако…

Меѓутоа Карло не гледа никаков проблем во напаѓачот, па дури и го прогласи Винисиус за најпрогонуван играч во историјата.

-Погледнав малку наназад, во историјата, во статистиката, и никогаш не сум видел играч кој бил прогонуван како Винисиус. Го шутираат, го исвиркуваат, го навредуваат. И тогаш треба да разговарам со него за неговиот став? Не! Секој треба да го смени својот став во однос на Винисиус.

-Во мојата лична историја, играч со голем талент никогаш не претрпел работи како Винисиус. Во Валаекас [против Рајо Ваљекано] доби карате удар во глава, а немаше ниту жолт картон. Сега сите бараат црвен картон за туркањето на играчот против Лајпциг, -истакна Анчелоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни