Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти запрепастен од главниот судија и од ВАР: Ова е несфатливо! (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Карло Анчелоти силно протестираше кај четвртиот судија откако Алехандро Руиз Муњиз не го исклучи Карлос Ромеро во 61-та минута, а за да биде уште полошо, истиот фудбалер беше оној кој постигна победнички гол за Еспањол во 85-та.

Главниот судија на натпреварот несфатливо не покажа црвен картон за ужасен старт од зад грб направен над Килијан Мбапе, но можеби уште поневеројатно е како не реагираа луѓето од ВАР собата.

Искусниот Италијанец не остана мирен во дадената ситуација, па својот револт го искажал и во првото интервју по последниот судиски свиреж.

– Несфатливо е каква одлука донесе судијата за стартот над Мбапе, но не е само судијата. Истото важи и за ВАР, цел свет виде за каков старт станува збор.

– Во вакви ситуации, најважно е да се заштити фудбалерот, тоа беше ужасен старт, опасен старт кој за среќа мина без последици врз Килијан. ВАР е за да се вклучи во вакви акции, за нас несфатливо е како не беше покажан црвен картон, – изјавил бесниот Анчелоти.

Стартот погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни