Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти за заклучокот на Симеоне: Секој си има свое мислење

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Големото градско дерби меѓу Реал и Атлетико заврши без победник на „Сантијаго Бернабеу“, а по крајот на истото, Диего Симеоне излезе со еден интересен заклучок кога е шампионската трка во прашање.

Во случај Барселона вечерва да победи против Севилја, три тима ќе бидат во растојание од само два бода на врвот на табелата во Ла Лига, па иако сите имаат речиси подеднакви шанси за трофејот, Чоло посочи дека Барселона е тимот кој игра најубав и најдопадлив фудбал во Шпанија.

Аргентинскиот стручњак не штедеше комплименти за каталонскиот великан и тимот кој го води Ханси Флик, па таа негова изјава беше проследена и на прес-конференцијата која ја одржа Карло Анчелоти.

Италијанскиот стручњак не пропушти да нагласи дека Реал и натаму е лидер во Ла Лига, и тоа во ситуација кога не може да смета на голем број сигурни стартери.

– Изјавата на Симеоне за Барса? Секој си има свое мислење. Ова ќе биде тешка и напорна трка до крајот, но среќни сме што сме лидери и во тешки околности. Пред натпрварот видов сцена при која Карвахал, Милитао, Алаба и Ридигер ги поздравуваат своите соиграчи пред натпреварот. И покрај потешкотиите, ние се справуваме многу добро, – изјави Анчелоти.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни