Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти за Винисиус: Изјавата му беше подобра од трите гола кои ги постигна против Барселона

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Карло Анчелоти се обидува да биде и педагог во обидот да направи подобри играчи и личности од своите фудбалери, а во изминатве две години, најмногу работа посвети на Винисиус Жуниор.

Проблематичниот Бразилец често влегува во конфликти со противничките фудбалери и понекогаш знае да ги изнервира и Карло и неговите соиграчи, но по победата над Барселона даде една интересна изјава која не е баш карактеристична за него.

Тоа доволно укажува дека Винисиус работи на подобрување на дисциплината, па затоа денеска доби јавна пофалба од својот тренер кој го најавуваше новиот дерби дуел со Атлетико, овојпат во Копа дел Реј.

– Повеќе ми се допадна неговата изјава по финалето, отколку триите постигнати гола против Барселона. Со тоа покажа дека созрева. На играчки план, полека се враќа во форма по повредата која ја имаше. Потребно му е време, но може да стане уште поопасен. Сега не оди само на страна, прави продори и внатрешно и тоа го прави уште понепредвидлив за противниците, – порача Анчелоти, алудирајќи на изјавата од пред неколку дена.

– Анчелоти прави подобра личност од мене, знам дека понекогаш ги нервирам противниците, но и моите играчи. Морам да се подобрам, но се обидувам секој ден да бидам подобра личност. Сите сакаат да се „тепаат“ со мене на теренот и се обидувам да се подобрам во таа гледна точка. Јас не сум светец, зборувам премногу и правам дриблинзи кои некогаш не треба да се прават….. Сепак, тука сум за да напредувам и да се подобрам, сакам да бидам пример за младите деца. Тренерот Анчелоти и соиграчите ми го покажуваат патот како да станам подобар во тој аспект, – изјави Вини по финалето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни