Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти за уникатниот квалитет кој го поседуваат Модриќ, Крос и Бензема: Тоа не може да го купите на трансфер пазарот!

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид практично отпадна од трката за титулата во Ла Лига откако загуби на „Ел Класико“ во месец март, но тимот од шпанската престолнина не дозволи исто сценарио и во Купот и успеа да оствари огромна победа на „Камп Ноу“.

„Кралевите“ победија со 0:4 и се пласираа во финалето на Копа дел Реј, па иако до израз дојде комплетната тимска игра од момците кои ги предводи Анчелоти, јавноста не пропушти да ги испофали новите брилијантни партии на ветераните во стартниот состав.

Лука Модриќ, Тони Крос и Карим Бензема одново беа клучни за еден неверојатен резултат кој го оствари Реал, па откако им даде слободен ден, Дон Карло денеска проговори за квалитетот кој го поседуваат тројцата, а кој не може да се купи на трансфер пазарот.

– Знам дека се многу години, но Бензема, Крос и Модриќ играат како и секогаш. Нормално е во текот на една сезона да имате подеми и падови, има различни моменти.

– Сепак, нив тројца никогаш не им судам според години, тие играат поради тоа што го прават на теренот. Можеби немаат физички предиспозиции како младите, но начинот на кој ги читаат натпреварите и начинот на кој се справуваат во тешките ситуации ги прави уникатни. Тоа го нема никој во светот, тоа не може да го купите на трансфер пазарот, – вели Анчелоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни