Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти за својот дефанзивец: Тој не е толку убав, но е најдобар во светот!

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Карло Анчелоти не делеше комплименти за Тони Крос, Модриќ и Винисиус и ги нарече најдобри на своите позиции по победата над Ливерпул, со тоа што Бразилецот нагласи дека во моментов е и најдобар играч во светот.

Пофалбите за своите фудбалери се нешто што прерасна во составен дел од кариерата на Италијанецот во двете негови етапи како тренер на Реал, па во пресрет на „Ел Класико“ дербито кое се игра утре, посебно испофали и еден дефанзивец кој неизмерно напредуваше во последните три сезони.

Едер Милитао беше доста оспоруван во својата прва сезона како играч на Реал, но сега е незаменлив во стартната постава на „кралевите“ и за Карло тој е најдобар светски дефанзивец.

– Може некои ќе мислат дека го губат кредибилитетот кога велам дкеа Винисиус е најдобар играч во светот и кога велам дека Милитао е најдобар дефанзивец на светот, но тоа е вистината.

– Јас сум искрен, Милитао е најдобар. Не му недостасува ништо. Всушност, има само два дефекти. Понекогаш не е доволно концентриран, а вториот дефект е тоа што не е толку убав, – изјави Анчелоти со насмевка на лицето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни