Шпанија
Анчелоти за спорниот момент на дербито: Фудбалските луѓе не можат да сфатат вакви ситуации (Видео)

Карло Анчелоти не можеше да биде целосно задоволен од исходот на големото мадрилењо дерби против Атлетико, од едноставна причина што Реал не искористи голем број шанси во вториот дел за да направи целосен пресврт.
По голот од пенал на Хулијан Алварез, Атлетико целосно се предодреди на одбрана да го чува минималното водство, па иако „бункерот“ на Симеоне попушти во 50-та минута, до крајот Јан Облак беше чувар на „душекџиите“ со неколку импресивни одбрани.
Атлетико на крајот освои бод и е далеку позадоволен од конечните 1:1, резултат кој кај Анчелоти остава горчлив вкус и поради пеналот кој беше досуден.
Во една акција која не изгледаше воопшто сомнителна, луѓето од ВАР собата го повикаа Сото Градо да прегледува еден дуел меѓу Чуамени и Лино, па иако стануваше збор за минимален контакт, на крајот главниот судија покажа на белата точка.
– Едноставно не сакам да зборувам за судијата, навистина не сакам да зборувам за тоа. Пеналот не беше досуден од судијата, тој дозволи да продолжи акцијата. Судијата беше блиску и добро виде што се случи, овој пенал го досуди ВАР. Не сакам да коментирам повеќе, едноставно фудбалските луѓе веќе не можат да сфатат вакви ситуации, – изјави Анчелоти.
– Мислам дека заслуживме повеќе од 1:1, особено поради изданието во вториот дел. Првото полувреме беше сосема различно, беше далеку побавна играта. Ситуацијата со пеналот влијаеше врз тимот, но потоа во вториот дел бевме далеку подобри и заслуживме победа, – додаде Карло.
-
Репрезентација16 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства17 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Англија19 часа
Трент прифатил преселба во Реал, навивачите на Ливерпул бесни: Оставете го на клупа до крајот на сезоната…
-
АТП20 часа
Ивановски ги мина квалификациите во Опатија
-
Македонија22 часа
Јандреоски назначен за прв оперативец на ФФМ
-
Репрезентација16 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Светски првенства7 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
Италија18 часа
Дибала имал успешна операција, оваа сезона е завршена за него!