Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти за спорната објава на Родриго: Седнав на маса и зборував отворено со него

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид непосакувано ја отвори новата сезона и киксираше на гостувањето кај Мајорка, за два дена подоцна да се појави информација според која Родриго е незадоволен од третманот кој го добива од јавноста.

Во прв момент се објави соопштение од агенцијата на Родриго и во истото пишуваше дека тој не е помалку вреден од ѕвезденото трио Винисиус, Мбапе и Белингам, за неколку часа подоцна ова да биде повлечено и целосно тргнато од интернет платформите.

И покрај се, во јавноста се остави впечаток дека Родриго не е баш задоволен од респектот кој го добива од јавноста, па Карло Анчелоти решил да седне на маса и да го праша Бразилецот дали има некаков проблем.

– Зборував со Родриго оваа недела и го прашав дали се случило нешто што го мачи. Тој беше смирен и ми порача дека објавената порака била од лажна агенција. Тој е среќен тука и работи напорно секој ден. Немаме никаков проблем со него, крај на случајот.

– Тој е еден од играчите кои беа најдобри на првите два меча. Кога играме толку офанзивен систем, играчите од нападот мора да мислат и на одбрана. Тој е оној кој одлично си ја заврши работата во тој поглед, – потенцира Анчелоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни