Лига на шампиони
Анчелоти за родителскиот гест кон изненадувањето во стартната постава: Заслужува да игра многу повеќе (Фото)

Карло Анчелоти мораше да прави промена во последен момент во стартната постава, од едноставна причина што Кепа Аризабалага се повредил на загревањето и почувстувал болка со која му го отстапи местото на Лунин.
Украинскиот голман брзо беше тестиран и успеа да му одбрани пенал на Џало во 6-та минута, а тоа беше одлична вест за него, но и за соиграчите кои во продолжение постигнаа три гола.
Анчелоти принудно му даде шанса на Лунин и доби одличен одговор од Украинецот, но денеска имаше и едно изненадување во почетните 11, а тоа беше Брахим Дијаз.
Поранешниот играч на Милан сериозно западна во втор план кај Карло и одигра само 19 минути на последните седум меча, но вечерва беше стартер и маестрално одговори на довербата која му беше укажана.
Брахим го постигна голот за 1:0 и му беше поништен уште еден, но поради залагањето и играта во дефанзива, доби и прегратка од Карло кога беше повлечен од игра.
– Прегратката со Брахим? Морав да го пречекам како татко своето дете. Постигна гол, еден му беше поништен и неговата работа во дефанзива беше извонредна. Што да кажам повеќе, заслужи да игра многу повеќе од тоа што го доби досега од мене. Ова е знак дека сите во тимот се подготвени за игра, сите сакаат да учествуваат на теренот. Сите се сериозни и многу професионални и најчесто заслужуваат да играат многу повеќе од тоа што го добиваат, – изјави Карло.
Carlo Ancelotti y Brahim 😍🤍 pic.twitter.com/kbq7r0w92N
— REAL MADRID ♥️ (@AdriRM33) November 8, 2023
-
Англијапред 12 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Светпред 10 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Англијапред 10 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 11 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Англијапред 12 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Италијапред 22 часа
Поранешен италијански судија го закачи Мурињо: Голем тренер не ги прави овие работи, ова мора веднаш да престане
-
Германијапред 23 часа
Хаман за ѕвездата на Баерн: Тухел не го сака во екипата, нивните патишта се разминуваат
-
АТПпред 23 часа
Надал откри што најмногу го загрижува: Ова за мене е непозната територија…