Шпанија
Анчелоти за ризичната тактика на Флик: Тоа може да биде клучен фактор во финалето
![](https://derbi.mk/wp-content/uploads/2025/01/karlo-pres-superkup.jpg)
Високо поставената одбрана на Ханси Флик донесе голем ризик за Барселона на последното „Ел Класико“, но на крајот се покажа како извонредна тактика поради фактот што тимот победи 0:4, а неговите дефанзивци во безброј наврати ги „уловија“ ѕвездите на Реал Мадрид во офсајд ситуации.
Споменатата стратегија на германскиот стручњак се покажа како добитна комбинација на „Сантијаго Бернабеу“, па Карло Анчелоти е свесен дека неговиот тим ќе мора да бара решенија за нешто слично и утревечер во Џеда.
Суперкуп финалето во Саудиска Арабија носи нова „Ел Класико“ пресметка, а Карло Анчелоти се надева дека исходот ќе биде ист како минатата година.
– Зборувавме за нивната високо поставена одбрана и за офсајд ситуациите од првото „Ел Класико“. Ќе мора да пронајдеме противодговор на некој свој начин. Свесен сум дека тоа може да биде клучен фактор на натпреварот.
– Ова е финале и станува уште поспецијално бидејќи играме против Барселона. Влегуваме во мечот со голема страст и мотив, играњето со Барселона носи дополнителен притисок. Ќе биде тешко и за нив и за нас, но верувам дека ќе играме многу добро и дека ќе победиме. Оваа титула има вредност за нас, кога пред една година го освоивме Суперкупот, на крајот завршивме и со трофеите во Ла Лига и Лигата на шампиони. Ова е трофеј кој може да ни донесе позитивна динамика до крајот на сезоната, – порачува Анчелоти.
-
Репрезентација18 часа
Лазаров: Момците покажаа дека знаат како се игра и против „досаден“ ривал
-
АТП22 часа
Ѓоковиќ освои луд поен на сет топка и предизвика лудница во Мелбурн (Видео)
-
Светски првенства16 часа
ИХФ го издвои ремек-делото на „Фитиљ“: Чиста моќ на Кузмановски (Видео)
-
АТП22 часа
Ѓоковиќ имаше негатива, па го преслуша Алкарас за полуфинале во Мелбурн
-
Светски првенства17 часа
Пајовиќ посочи дека тактиката на Лазаров им направила големи проблеми на Австријците: Чувствувам горчина
-
АТП17 часа
Алкарас не му верува на Ѓоковиќ: Не велам дека правеше шоу со повредата, но…..
-
Светски првенства19 часа
Митревски по ремито со Австрија: Се надевам дека ќе се опоравиме од настинките кои преовладуваат во тимот
-
Италија23 часа
Наполи го убедува Јунајтед за трансфер на Гарначо со привлечна „клаузула“