Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти за реакцијата на Винисиус Жуниор: Плачеше со часови!

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Винисиус Жуниор се уште е повреден и уште некое време нема да му биде на располагање на тренерот Карло Анчелоти, но се се движи во позитивна насока и Бразилецот може да се врати на терените порано од очекувањата.

-Повредата добро зараснува. Тој го зголеми обемот на работа и следната недела постепено ќе почне да тренира со тимот. Мислам дека ќе се опорави порано од предвидените шест недели, -откри Анчелоти.

Стратегот воедно обелодени каква била реакцијата на крилото откако не се најде меѓу номинираните за наградата „The Best“ на ФИФА.

-Винисиус плачеше во соблекувалната. Го прашав „што се случува“, а тој кажа: „Не ме ставија на листата“. Плачеше три или четири часа и не успеавме да го натераме да престане“, се пошегува Италијанецот кој ја спрема екипата за соочувањето со Реал Сосиедад на „Сантијаго Бернабеу“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни