Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Анчелоти за потенцијалната битка со Сити: Не сакаме…

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Реал Мадрид ги освои трите бода во пресметката со Брест во Франција, но овој триумф не беше доволен за шпанскиот тим да обезбеди место во Топ 8 и директен пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите.

„Кралевите“ ќе мора да тргнат порано во елиминациските борби, а еден од потенцијалните ривали во првата нокаут фаза е англискиот првак Манчестер Сити кој не се прослави во групната фаза и со доста мака дури во последното коло избегна катастрофа.

-Мора да ја почекаме ждрепката, ако играме со Сити ќе биде покомплицирано секако. Среќни сме, но штета е што не се разбудивме порано на ова натпреварување… Сити има поголема веројатност да ја освои Лигата на шампионите од Селтик. Тоа е реалност. Не сакаме да играме против нив, -порача искрено тренерот на Реал, Карло Анчелоти кој даде коментар и за изданието на неговите момци.

-Ова беше многу добар натпревар. Видов сериозен тим, кој ја контролираше играта, играше добро и одржуваше добар блок. Заминуваме среќни. Ние сме покомпактни и поефикасни. Игравме многу добро. Почнавме добро од назад, барајќи простор и длабочина со напаѓачите. Во добар момент сме и мораме да продолжиме, -заклучи Италијанецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни