Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Анчелоти за поплаките на Гвардиола: Тоа е модерниот фудбал!

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Пеп Гвардиола говореше за згуснатиот распоред кој ќе го има Манчестер Сити како увертира за првото четвртфиналето против Реал на „Сантијаго Бернабеу“, бидејќи за разлика од „кралевите“, неговиот тим ќе одигра два меча повеќе во периодот кој следи.

Реал вчеравечер лесно се справи со Атлетик Билбао и сега ќе има цели девет дена да се подготвува за дербито против европскиот шампион, кој пак го чекаат уште два дуели во Премиер лигата после ремито со Арсенал.

Сити ќе игра против Астон Вила и Кристал Палас до крајот на неделата, па Пеп не пропушти да нагласи дека Реал ќе влезе со предност во првиот нокаут дуел во најелитното натпреварување.

– Играме против Арсенал, па против Астон Вила во среда навечер, а потоа против Кристал Палас во сабота во почетниот термин. После тоа, ни следи гостувањето во Мадрид. За разлика од нас, Реал има девет дена да се подготвува за нашиот меч, не три или четири, цели девет дена! Играат овој викенд, а следниот натпревар им е против нас. Би побарал само еден ден повеќе одмор, бидејќи разликата е огромна. За жал, знам дека залудно ги кажувам овие зборови, – изјави Гвардиола.

За разлика од Сити, Реал победи против Атлетик Билбао и само потврди дека е сигурен лидер во Ла Лига, а по мечот Карло Анчелоти добил прашање и за поплаките од Гвардиола.

– Мене ми изгледа добро тоа што го кажал, нивниот распоред е покомплициран. Тоа е што е, таков е модерниот фудбал. Јасно е дека имаме мала предност за првиот меч, но сметам дека тоа нема да влијае врз исходот, – изјави Анчелоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни