Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Анчелоти за поништениот пенал на Алварез: Првично не видов ништо спорно

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Реал Мадрид се радуваше по вчерашната голема драма на градското дерби со Атлетико во Лигата на шампионите, па најтрофејниот клуб во натпреварувањето си обезбеди ново четвртфинале.

Пеналот на Винисиус можеше да биде кобен за Реал, но на крајот повеќе се зборува за пеналот на Хулијан Алварез, кој несреќно се подлизна шутирајќи во пенал серијата и голот му беше поништен поради два контакта со топката.

Карло Анчелоти признал дека самиот бил премногу напнат и не забележал дека Аргентинецот направил грешка, но ВАР веднаш ја детектирал ситуацијата.

– Јас не сфатив, не видов ништо спорно во моментот.

– Но, кога се појави сомнежот, сфативме дека во ВАР собата веќе се прегледува ситуацијата. Судиите во ВАР ја детектираа ситуацијата пред нас и постапката за проверка беше започната.

– Отпосле ја видов снимката и мислам дека имаше контакт со топката со двете нозе, – рекол Анчелоти.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни