Шпанија
Анчелоти за откровението кое најмногу изненади на последните четири меча: Ќе ми биде тешко да го оставам на клупа
Тешките повреди кои го погодија Реал Мадрид го натераа Карло Анчелоти да направи провотимец од Раул Асенсио, а по своите четири извонредни настапи како стопер на „кралскиот клуб“, младиот стопер се избори за место во составот на италијанскиот стручњак.
Враќањето на Орелијан Чуамени значи дека Анчелоти повторно ќе го има Французинот како опција за стопер, но во пресрет на дербито со Атлетик Билбао, Карло призна дека сега ќе му биде тешко да го извади Асенсио и да го префрли на клупа.
– Чуамени се опорави добро од повредата и сега е подготвен за игра. Ни стои на располагање и утре ќе одлучам како ќе го искористам.
– Асенсио ни покажа дека е стопер на кој може да се потпреме. Играше со огромна самодоверба, покажа дека не му недостасува знаење за позицијата на која игра.
– Сигурен е, не му недостасува мотивација и придонесе многу за тимот на последните неколку натпревари. Ќе мора добро да размислам дали да го оставам на клупа. Позитивно ме изненади, особено со зрелоста и со спокојството со кое игра. Го положи „пеколното крштевање“, сега е првотимец на Реал Мадрид и ќе ми биде тешко да го оставам на клупа, – изјави Анчелоти пред дербито.
-
Англија21 час
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП15 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија14 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Репрезентација17 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија14 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Македонија23 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Германија18 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија15 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…