Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти за одлуката на ѕвездата на Реал: Има ментален капацитет сам да одлучи

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид утре ја дочекува Севилја во меч во кој ќе го има статусот на фаворит и покрај тоа што тренерот Карло Анчелоти нема да може да смета на доста квалитетни и важни играчи.

Меѓутоа многупати во оваа сезона „кралевите“ покажаа дека можат да играат и победуваат без секого, па тоа сигурно ќе биде главна цел соочувањето со клубот од Андалузија.

Анчелото освен што имаше можност да го најави овој дуел тој говореше и на некои други теми како што е Тони Крос кој во текот на оваа седмица објави дека ќе игра за Германија на Европското првенство.

-Ми кажа дека се враќа во репрезентацијата. Тоа нема да влијае на неговата положба кај нас. Неговите настапи овде беа многу високи, -рече дон Карло кој запрашан за тоа дали ќе го убедува играчот за врска да остане во Реал со оглед на тоа што му завршува договорот, Италијанецот беше многу јасен и директен.

-Дали ќе побарам од него да го обнови договорот? Нема да го советувам што да прави. Тој не е мој син. Има ментален капацитет да избере. Мислам дека тој е многу одговорна личност и има многу јасна идеја. Ќе престанете кога ќе видите дека нивото ви паднало. Во оваа смисла, тој веруваше дека ќе продолжи, -порача дон Карло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни