Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти за новиот агресивен испад на Винисиус: Гледав само дали му е искинат дресот (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид на крајот рутински се справи со Селта Виго и оствари убедлива победа од 4:0, но и овој натпревар донесе еден контроверзен момент од кој дел беше Винисиус Жуниор.

Бразилецот пред неколку дена не доби исклучување поради удар во вратот кој му го зададе на капитенот на РБ Лајпциг, а денеска имаше нов момент на помрачување против Мајорка.

Бразилската ѕвезда агресивно му одговори на Оскар Мингеза кој неколку метри го влечеше за дрес, но мора да се признае дека Вини повторно ризикуваше црвен картон.

Главниот судија реши да му додели само жолт, а Карло Анчелоти верува дека тоа била вистинската одлука.

– При таа акција, прво што помислив е дали дресот му остана здрав. Гледав само дали дресот му е искинат. Судијата донесе правилна одлука, тоа беше момент на фрустрација, – изјави Анчелоти.

Видеото погледнете го ТУКА 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни