Поврзете се со нас

Италија

Анчелоти за најплатениот играч во Милан: Да бев таму, секој ден ќе го тепав

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Рафаел Леао е најголема ѕвезда во Милан и најплатен играч во првиот тим на „росонерите“, но оваа сезона наиде и на жестоки критики од навивачите поради индолентниот однос кој повремено го има на натпреварите.

Португалскиот фудбалер поседува неверојатен талент и тоа никој не може да го оспори, меѓутоа истовремено е доста очигледно дека на Леао му е потребна „цврста рака“ и човек кој постојано треба да го мотивира на натпреварите.

Стефано Пиоли не успеа во таа намера оваа сезона, па со свој став за ситуацијата од далеку се огласи и прославениот италијански стручњак, Карло Анчелоти.

Дон Карло испиша своја тренерска историја во Милан и има многу позитивни сеќавања од времето на „Сан Сиро“, па затоа вели дека редовно ги следи случувањата во клубот.

– Го следам Милан од далечина и тоа го правам со многу страст. Неверојатниот Брахим Дијаз ни се приклучи во Реал токму од Милан, а тие се уште имаат голем талент како Леао. Мислам дека Леао од време на време треба да јаде ќотек. Ако беше со мене во тимот, ќе го тепав секој ден, – вели Анчелоти во интервјуто за „Ла Република“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни